По протестите што се одржаа на 3 февруари во Битола, до Основното јавно обвинителство во Битола е поднесена кривична пријава против две лица.
Пријавата се однесува на кривично дело загрозување на сигурноста, согласно член 144 став 3 од Кривичниот законик.
Како што се наведува во пријавата, делото било извршено преку упатување сериозни закани кон службени лица за време на извршување на нивните службени задачи, како и кон повеќе други лица.
