По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд во Крушево поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Во временскиот период од август 2023 година до август 2025, обвинетиот повторено неовластено ја следел и прогонувал неговата поранешна сопруга, се мешал во нејзиниот личен живот и воспоставувал несакан контакт, движејќи се во просторот каде таа се наоѓала. Жената психички ја злоставувал, вознемирувал и застрашувал и со тоа предизвикал чувство на несигурност, вознемиреност и страв кај неа.
Постојано телефонски ја контактирал и ја навредувал, повремено упатувајќи и закани по живот. Се обидувал да влезе и во нејзиниот дом, а ја следел и се појавувал и на нејзиното работно место во Центарот за социјални работи.
Во текот на претходната постапка на обвинетиот му беа определени мерки на претпазливост кои не ги почитуваше, па надлежниот јавен обвинител заедно со обвинението поднесе и посебен предлог за определување мерка притвор.
Читај и ова:
- 1.Се огласи Заев за куферчињата со пари од поранешен бугарски премиер
- 2.Падна француската влада
- 3.Тешка сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Охрид: Загина 25-годишник!
- 4.Од наредна година пензионерите ќе можат да работат без да им страдаат пензиите
- 5.Опасна супстанца пронајдена во црвени пиперки од Македонија: Предизвикува оштетување на црниот дроб и бубрезите