Македонија

Погледнете ги Месечината и Сатурн одблизу: Вечерва набљудување со телескопи на плоштадот во Скопје

Погледнете ги Месечината и Сатурн одблизу: Вечерва набљудување со телескопи на плоштадот во Скопје

Скопското астрономско друштво вечерва организира јавно набљудување за сите љубители на астрономијата и љубопитните граѓани. Набљудувањето ќе се одржи на Плоштад Македонија во Скопје, со почеток од 18:30 часот.

Посетителите ќе имаат можност преку телескопите на друштвото одблизу да ги видат Месечината и планетата Сатурн.

Од Скопското астрономско друштво ги покануваат сите граѓани да минат убава вечер и заедно да го истражуваат ноќното небо.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни