Папата Бенедикт Шеснаесетти беше погребан денеска, а папата Франциско му оддаде почит.
На погребот на плоштадот Свети Петар присуствуваа десетици илјади ожалостени.
Ова беше прв пат во модерното време еден папа да изврши погреб на неговиот претходник.
Да потсетиме, Бенедикт е првиот римокатолички поглавар во речиси 600 години кој поднесе оставка, поради, како што тогаш изјави, нарушено здравје.
Тој почина во саботата на 95-годишна возраст во манастир во Ватикан.
Бенедикт XVI сакал едноставен погреб.
„Тешко е да се има едноставна служба на плоштадот Свети Петар, но мислам дека беше“, изјави отец Џејмс Мартин, језуитски свештеник, писател и уредник за Си-Ен-Ен.
Погребот на Јован Павле Втори беше најголемиот собир на шефови на држави досега надвор од Обединетите нации. Во делегациите имало девет монарси заедно со 70 претседатели и премиери.
Папата Франциско ја предводеше мисата за време на која проповедаше
„Верниот Божји народ, собран овде, сега го следи и му го доверува животот на оној што им бил пастир. Како жените на гробот, така и ние дојдовме со мирисот на благодарноста и спасот на надежта, уште еднаш да му покажеме љубов која е неизгаслива. Сакаме да го направиме тоа со истата мудрост, нежност и посветеност што ни ги даваше низ годините. Заедно сакаме да кажеме: „Оче, во твои раце го доверуваме неговиот дух.“ Бенедикт, верен пријателе, нека биде твојата радост целосна додека го слушаш неговиот глас, сега и засекогаш“, рече папата Фрањо.
Според портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, на погребот на плоштадот Свети Петар присуствувале околу 50.000 луѓе, во споредба со 1,1 милион за погребот на претходникот на Бенедикт, папата Јован Павле Втори.
Имаше 500.000 луѓе на и околу плоштадот Свети Петар во 2005 година, а уште 600.000 гледаа на видео екраните во другите делови на Рим.
Во текот на шесте дена помеѓу смртта на Јован Павле Втори и неговиот погреб, околу три милиони луѓе дојдоа да му оддадат последна почит.
Секој час низ базиликата Свети Петар минувале 21.000 луѓе.