Една покана за свадбена веселба, за време на невремето во Србија, летала дури 92 километри.
Од Лозница стигна до Немања Стеванов во Стара Пазова, кој реши да оди на оваа свадба иако не ги познава младенците.
Тој денеска гостуваше во емисијата „150 минути“ на ТВ Прва каде ги раскажа сите детали за овој несекојдневен случај. На малку стутканата покана се гледа дека младенците се Невена и Перо, а Немања го контактирал младоженецот.
„По невреме излегов да го расчистам дворот и ја најдов оваа покана. Потоа се пошегував со моите пријатели објавувајќи фотографија од поканата на Фејсбук, прашувајќи ги што мислат, дали да одам на оваа свадба што ме покани невремето, а не младенците“, вели со насмевка Немања.
„Зборував со младоженецот, тој исто така беше шокиран од информацијата дека поканата ја прелетала таа далечина, со оглед на тоа што не ја испратил на никого во Пазово и околината. Ми рече веднаш да дојдам на нивната свадба. Бев многу среќен што ќе одам на таа свадба, можеби и ќе донесам пријатели“, рече Немања.
