ПОЛИТИЧАР ГО ДОБИ ОНА ШТО ГО ЗАСЛУЖИ: Објави фотографии од сопругата како го чисти снегот, јавноста го критикуваше

Канадскиот политичар Џон Рејес наиде на јавна осуда откако објави навидум безопасна фотографија од неговата сопруга како го чисти снегот пред нивната куќа.

„Дури и по 12-часовната ноќна смена во болницата, мојата сопруга сè уште има сила да го исчисти патот. Господ да ја благослови неа и сите работници на првите борбени линии. Време е да и го приготвиме појадокот“, напиша Рејес.

Објавата привлече големо внимание, но корисниците не се среќни поради тоа. Имено, повеќето на Твитер го нападнаа политичарот за тоа зошто сам не го исчистил коловозот.

„Зошто ти не го направи тоа?“, прашал еден корисник, пренесува Independent.

Други напишаа дека Рејес може да го исчисти снегот додека неговата сопруга работи.