Свет

Полицаец убиен, двајца повредени во престрелка во Канада

Полицаец убиен, двајца повредени во престрелка во Канада

Канадската полиција уапси маж откако синоќа беше застрелан полицаец во Торонто, а уште две лица беа повредени, јави Асошиејтед прес.

Претходно, полицијата издаде итна тревога по телефон, велејќи дека истражува активен стрелец во Торонто и околината. Полицијата го издаде предупредувањето по двете пукотници во областа Онтарио вчера попладне.

Органите на редот соопштија дека трагаат по украден црн џип чироки и осомничен облечен во црно со градежен елек. „Осомничениот беше лоциран и приведен од полицијата. Едно лице почина на местото на настанот, а други две се пренесени во болница“, соопшти полицијата на Твитер.

Доцна синоќа, полициски функционер запознаен со деталите за случајот изјави за Асошиетед прес дека осомничениот починал по интеракција со полицијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни