Македонија

Полицијата ги пронајде двете жени на пат меѓу Количани и Батинци!

Полицијата ги пронајде двете жени на пат меѓу Количани и Батинци!

Од Центарот за управување со кризи информираат дека добиле повратна информација од Полициската станица Драчево во врска со изгубените две женски лица.

Тие велат дека се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци.

Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево.

„Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Македонија“, додаваат од ЦУК.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни