Полицијата ќе поднесе пријава за страшната улична тепачка во Куманово

Кумановската полиција ќе поднесе пријава против две лица од липковското село Опае, бидејќи ги сомничи за физички напад врз две лица во центарот на Куманово, соопшти денеска полицијата. Видеото од физичкиот напад синоќа се прошири на социјалните мрежи и предизвика внимание во јавноста.

СВР Куманово утрово информираше дека работи на расчистување на случајот, откако триесет и тригодишен кумановец го пријавил случајот во полицијата по полноќ.

ВИДЕО Страшна улична тепачка вечерва во Куманово – го држи стиснат во врата, додека го боксува

– Денеска во СВР Куманово бил извршен службен разговор со Б.Р.(23) и А.Р. (22) од село Опае, липковско. Тие се сомничат дека вчера, околу 19:30 часот на улицата „Маршал Тито“ во Куманово физички ги нападнале Р.Н.(33) и Н.М., двајцата од Куманово, наведува во соопштението СВР Куманово.

ПРЕПОРАЧУВАМЕ  Diamond Mall ја отвори „Зоната на соништата“ – волшебно место за децата и возрасните

По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното