Македонија

Полицијата ќе слави, овие улици ќе бидат затворени!

Полицијата ќе слави, овие улици ќе бидат затворени!

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.05.2024 (вторник), поради одржување на настан за одбележување „7 Мај – Ден на полиција“, во периодот од 08.00  до 18.00 часот за сообраќај ќе биде затворен бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со бул.„Србија“ до крстосница со бул.„Февруарски поход“.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот. 

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни