На 08.08.2026 во 08:00 часот во Полициската станица Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од скопско.
Претходно, од граѓани било пријавено дека тој агресивно и недолично се однесувал, а откако на местото пристигнале полициски службеници и се обиделе да му помогнат бидејќи бил со повреди, тој физички нападнал еден од нив.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.