Македонија

Полицијата најде 87 мигранти во „Ивеко“ кај Скопје

Денеска (09.07.2022) во 01.30 часот на автопатот кај клучка „Миравци“ полициски службеници од Полициска станица Богородица ги лишија од слобода М.Ј.(43) од Скопје и А.А.(26) од с.Арачиново, скопско.

Имено, околу 00.10 часот при контрола во товарно моторно возило „ивеко“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј., во кое и сопатник бил А.А., пронајдени се 87 лица мигранти.

Од нив 45 од Сирија, 39 од Пакистан, двајца од Конго и едно од Индија. М.Ј. и А.А. се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, а по завршување на постапката лицата мигранти ќе бидат спроведени во прифатно-транзитен центар.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни