Полицијата приведе 36-годишен гостиварец баран за кривично дело со дрога

На 05.03.2025 во 16.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Е.Б.(36) од гостиварско Здуње, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од две години, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното