Македонија

Полицијата спаси лице кое паднало од чамец на сред Дојранско езеро

Полицијата спаси лице кое паднало од чамец на сред Дојранско езеро

Центарот за управување со кризи информира дека е спасено лице да не се удави во Дојранско Езеро во акција на МВР – Гранична полиција.

Конкретно, Регионалниопт ЦУК Стумица, известува дека преку Едиствениот повикувачки број за итни повици 112 во 11.08 часот, е добиена пријава за лице кое е паднато од чамец и се дави некаде на средина од Дојранското Езеро.

Веднаш е известена ПС Гевгелија, Гранична полиција која беше на терен, веднаш итно интервенираше и го извлече, го спаси лицето кое е здраво и живо, а го извлече и неговиот чамец.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни