Полицијата во зима со пролетни палта, МВР: Вината е во минатото раководство

Со овие тенки палта што тежат околу 300 грама , МВР се фали дека им дала на полицајците нови униформи, се жалат од Независниот синдикат на полицијата. Полицајците синдикалци велат дека овие палта се за во пролет а не за во зима кога температурите стигнуваат и под нулата.

Од МВР велат дека униформите, како се купуваат така им се даваат на полицајците и дека наскоро ќе бидат купени нови зимски униформи.

Се вчитува...

„Во тек е процедура за набавка на зимски јакни, како и за друга опрема. Повторуваме, проблемот со јакните како и со останатите делови од униформите е поради неодговорниот однос на претходното раководство и неизвршените набавки. Новото раководство на МВР ги презема сите расположливи мерки за да ја санира оваа состојба и за сите полициски службеници да биде обезбедена комплетно нова униформа.“ – МВР.

Синдикалците исто така бараат МВР да ги вклучи во процесот за дискусија на новиот колективен договор. Има многу работи од кои полицајците се незадоволни на терен, велат тие, затоа најавуваат дека проблемите ќе ги решаваат со штрајк.

Независниот синдикат на полицијата исто така се пожали дека МВР ги нема ставено на листата на репрезентативни синдикати, затоа прашуваат каква закана гледа МВР во Независниот синдикат на полицијата.

Репортер: Бесир Арифи

Извор: ТВ21