Полициска акција вечерва се спроведува на повеќе локации низ главниот град во рамки на истрага за сомнежи за нелегални медицински третмани и употреба на нерегистрирани препарати.
Според информации од терен, акцијата опфаќа лекари и лица поврзани со повеќе здравствени установи, меѓу кои ГОБ „8 Септември“ и Клиника за дерматологија, како и приватни естетски центри.
Во тек се претреси на повеќе локации, вклучително и службени простории и приватни домови на лицата опфатени со истрагата. Акцијата се реализира во координација со надлежен јавен обвинител.
По завршување на дејствијата ќе се одлучува за евентуални мерки, додека од институциите засега нема официјална потврда ниту детали за предметот.
