Полициски билтен: Две сообраќајни несреќи и пожар во куќа во Битола и Тетово

На 04.01.2019 година во 20.00 часот се случила сообраќајна незгода на локалниот пат Кадино – Миладиновци, кај Кадински мост, во која патничко моторно возило„БМВ Х5„ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н (45) година од Скопје, излетало надвор од коловоз и се превртело. Со повреди се здобил С.Н.,  кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и му се констатирани  тешки телесни повреди. Извршен е увид.

На 05.01.2019 година околу 01.30 часот во Куманово, на ул.,,Доне Божинов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд ескорт“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Д. (26) и патничко моторно возило „Ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(33). Б.Д. и И.Ј., како  и сопатниците А.С.  и К.П. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Куманово. Кај Б.Д се констатирни тешки телесни повреди и е препратен во Ургентен центар Скопје. Увид извршила екипа на СВР Куманово,а известен е и јавен обвинител.

Се вчитува...

На 04.01.2019 околу 10 часот во СВР  Битола  пријавено е дека  истиот ден околу 08,00 часот настанал пожар во куќа на ул. Благојче Силјановски, сопственост на В.В.Ф. Пожарот е изгаснат од Територијална против пожарна единица од Битола. Извршен е увид од СВР Битола.

На 04.01.2019 година околу 01,00 часот во с. Голема Речица-Тетово, пријавен е пожар во куќа на Л. З. (27). Според првичните информации, пожарот настанал околу оџакот. Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единицаТетово.Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово.

Извор: ТВ21