Полициски службеник се повредил во ногата додека го враќал пиштолот во футрола, откако претходно испукал предупредувачки куршуми во воздух за да го спречи обидот за криумчарење на жив добиток.
За настанот извести Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, на 10.10.2025 година околу 22:00 часот, во село Спас, Дебарско, во близина на граничната линија со Република Албанија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато забележале неколку лица кои се обиделе да криумчарат жив добиток.
При обидот да ги спречат, полицискиот службеник испукал неколку предупредувачки куршуми во воздух, но криумчарите побегнале, оставајќи го добитокот. Во моментот кога го враќал пиштолот во футрола, службеникот се повредил во ногата, соопшти полицијата.
Од МВР додаваат дека е извршен увид и дека се работи на целосно расчистување на случајот.
Читај и ова:
- 1.Северна Кореја ја покажа својата нова ракета на воена парада, вели дека е најмоќна
- 2.Со службено возило на „Партизанска“ поминал преку две полни линии и вклучил флешери, полицијата го казни!
- 3.Го славиме Преподобен Харитон Исповедник
- 4.Скопјанец ја пријавил сопругата во полиција, го тепала со различни предмети!
- 5.Вирална фотографија: Бекам (183 см) помеѓу О’Нил (216 см) и Минг (229 см)