Полска ќе купи 200 антирадарски ракети од САД

Полските власти денеска соопштија дека потпишале договор со САД за набавка на повеќе од 200 антирадарски радари во вредност од 745 милиони долари.

„Договорот опфаќа испорака на повеќе од 200 ракети AGM-88G AARGM-ER (Advanced Anti-Radiation Guided Missiles – Extended Range) со дострел поголем од 200 километри“, се вели во соопштението на полското Министерство за одбрана.

Испораките ќе се вршат помеѓу 2029 и 2035 година, се додава во соопштението.

Способни да уништуваат радари надвор од опсегот на противвоздушни системи, проектилите ќе можат да бидат лансирани главно од борбените авиони Ф-35 кои веќе се на располагање на полските воздухопловни сили, како и од Ф-16.

Оваа година Полска ќе одвои околу 4,7 отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбраната, што е значително над два отсто барани од НАТО.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното