Свет

Полска мора да им плати оштета на граѓаните за дишењето загаден воздух

Полска ќе мора да им плаќа оштета на граѓаните затоа што „не води доволно решителна и ефикасна борба против загадувањето на животната средина и со тоа го крши нивното право на слободно движење и дишење чист воздух“, одлучи Судот, одлуката ја донесе врз основа на тужбата против Полска која беше покрената минатиот месец.

„Европската легислатива, посебно директивата на Европскиот парламент од 2008 година, ја обврзува Полска да води сметка за загадувањето на воздухот. Државата од тогаш презеде серија мерки, но со задоцнување и недоволно ефикасно. Затоа (државата) е виновна поради недоволна активност“, изјави судијката во процесот Барбара Сита-Латала.

Ова е прва пресуда во полски суд со која се потврдува правото на граѓаните на дишење незагаден воздух.

„Судот призна дека имаме право да дишеме чист воздух. Можеме да бараме почитување на тоа право и да ги тужимее оние што ни го одземаат“, изјави претставникот на организацијата „Полски смог аларм“, Пјотр Шергеј.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни