Свет

Полска подигна борбени авиони за време на рускиот ракетен напад врз Украина

Полска подигна борбени авиони за време на рускиот ракетен напад врз Украина

Полска ги подигна своите воени авиони за време на утринава руски ракетен напад врз Украина. Откако дозна за лансирањето на руски ракети, Оперативната команда на полските вооружени сили нареди подготовки за потенцијален упад на воздушни цели во полскиот воздушен простор.

„Според утврдените процедури, оперативната команда ги активираше сите расположливи сили и ресурси. Дежурните борбени авиони се подигнати, а системите за воздушна одбрана на земјата и средствата за радарско извидување се ставени на највисоко ниво на подготвеност“, се вели во соопштението.

Целта беше Днипро

Нападот на Русија беше насочен кон бизниси и клучна инфраструктура во градот Днипро. Украинците рекоа дека Русите лансирале и интерконтинентална балистичка ракета од јужниот регион Астрахан, што претставува прв пат Русија да употреби толку моќна ракета со долг дострел за време на војна.

Овие проектили имаат дострел од илјадници километри и можат да се користат за испорака на нуклеарни боеви глави, иако можат да носат и конвенционални боеви глави.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни