Полски хотелски синџир воведува награда за парови кои ќе зачнат бебиња во неговите хотели за да помогне во демографското закрепнување на земјата каде што стапката на наталитет е во постојан пад веќе 12 години.
Во исто време, синџирот „Арче“ се занимава со недвижности, има 23 хотели, бројни згради и конференциски сали низ цела Полска.
Оваа компанија вети дека покрај награда за паровите кои можат да докажат дека го зачнале своето бебе во нивните хотели, ќе понудат и бесплатни семејни прослави како што е крштевка на дете.
Полската компанија вети и дека паровите кои ќе купат стан од нив и ќе добијат бебе откако ќе се вселат ќе добијат бонус од околу 2.340 евра, објави телевизијата BFM.
Понудата важи за парови каде што барем еден од партнерите има полско државјанство, живее во Полска и е полнолетен.
Компанијата, исто така, им дава бонуси на своите вработени кои имаат деца.
Во Полска, во 2024 година, бројот на новородени деца бил за 157.000 помалку од бројот на смртни случаи, а се очекува овој тренд да продолжи и во наредните години, предвидуваат службите за социјална помош.
На крајот на јуни, Полска имала 37,4 милиони жители, што е за еден милион помалку отколку во 2015 година.