„Здравје за сите“ беше еден од слоганите на кампањата на Златко Марин. Загаденоста на воздухот, дивите депонии во кои си играат деца, хигиената во општината, недостиг на вода поради старите цевки и оптовареност на водоводната мрежа во 21-ви век, лоши сообраќајни решенија и немањето фекална и атмосферска канализација беа проблемите во општината кои му пречеа на Марин и за кои гласно говореше на мининзите.
„Неконтролирањето градење и алчноста за профит, на Ивица Конески и Никола Груевски го уништуваат нашето здравје. Заради бизнис интереси Аеродром е една од најзагадените општини во Европа“, изјави Златко Марин – кандидат за градоначалник на Општина Аеродром.
Граѓаните му дадоа доверба и шанса на Марин да ги реши проблемите. Но, само една година подоцна, револт кај граѓаните поради изградбата на зградата кај Мајчин дом кој беше изразен и преку протести. Токму оваа зграда беше главниот адут на Марин во предизборието, за која без да знае до каде е правната процедура за изградба ветуваше дека нема да се гради.
„Ги ветував решенијата и сме ги употребиле сите решенија што можеме да ги употребиме од наша страна, ако алудирате на тоа дека требаше да има размена со друго земјиште со друга локација, тоа беше многу поедноставно кога тоа не беше градежна парцела, сега е градежна парцела и инвеститорот бара огромна сума пари што ќе ја изблокира општината во наредните четири години“, изјави Златко Марин.
За тоа што е сработено од ветеното го контактиравме градоначалникот Златко Марин, но првичниот одговор беше дека треба да добие одобрение од Антикорупциска, за подоцна да прифати, но со постојано одложување последниот месец поради презафатеност со работни обврски. И во меѓувреме, додека чекаме градоначалникот да најде време за изјава да слушнеме колку се задоволни граѓаните од неговата работа.
Аеродромци се уште дишат најзагаден воздух. Дупките на булеварите се појавија веднаш по топењето на снегот. Општината не може да се пофали ниту со хигиената.
РЕПОРТЕРКА: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА