Македонија

Поплава во СЈО – уништени клучни докази за предметите „Империја“, „Триста“ и „Шпион“?!

Во емисијата „360“ вечерва беше објавено дека минатата недела во Специјалното Јавно Обвинителство се случила поплава во која биле зафатени дел од документите собрани како докази за три предмети.

„Точно е дека поради дотраеност на севкупната инсталација за парно греење во објектот во кој е сместено СЈО, протече една од цевките, при што беше зафатена дел од документацијата за предметите „Империја“, „Триста“ и „Шпион“. Треба да се има предвид дека во ова Обвинителство документите се скенираат, но доколку се утврди дека има документи кои не се ставени во електронска форма, ќе се бара нивно обновување“, велат од СЈО.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни