Балкан

Поплави низ Хрватска – поплавени подруми и патишта, паднати дрвја…

Поплави низ Хрватска – поплавени подруми и патишта, паднати дрвја…

ПОРАДИ обилните врнежи и поројните води, денеска во Жупаниските центри 112 Бјеловар, Пожега, Славонски Брод и Осиек имаа повеќе пријави од граѓани за поплавување на подруми и стопански објекти.

Граѓаните пријавиле и паднати дрвја, излевање на вода од каналите и потоците и поплавување на патишта. Од дирекцијата за цивилна заштита известија дека надлежните служби излегле на терен и работат на отстранување на последиците.

Поради покачувањето на водостојот, Хрватска вода денеска донесе решенија за воведување вонредни мерки за заштита од поплави во заштитеното подрачје на малиот слив Лика, делниците Косињски Баковац, Тисовац, Јадова, Богданица и Новчица.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни