Во Приједор, БиХ, евакуирани се 145 лица, а поплавени се околу 800 објекти, изјави началникот на Одделот за цивилна заштита на Приједор, Мирослав Крнета.
„Реката Сана почна да паѓа, беше 515 сантиметри, а сега е 456 сантиметри. Паѓа и Гомјеница. Реката Милошевица овојпат не направи проблеми, поради изградениот потпорен ѕид. По анализата на штетите што настанаа, ќе имаме повеќе информации“, посочи тој за РТРС.
Како што додаде, градскиот штаб за вонредни ситуации ги презел сите чекори што биле во нивна моќ.
СЛЕДЕТЕ НЕ: