Балкан

Поплави во Србија: Во прекин железничкиот сообраќај, опасност од одрони и свлечишта, поплавени куќи

На две пруги на територијата на Србија во моментов е во прекин сообраќајот, поради поплавите кои се присутни во централниот дел на земјата. И додека на едниот правец сообраќајот е вратен во нормала, на вториот правец и натаму траат поправките.

Засега патиштата сите патишта се проодни, но има опасност од одрони на одредени места, и поради тоа од АМС на Србија апелираат на внимание. На одредени места се можни и свлечишта. Многу куќи се поплавени во околината на Ваљево.

Врнежите од дожд не престануваат, и можни се нови проблеми. Проблеми со дождот имаат и жители на БиХ, како и на Хрватска.

The post Поплави во Србија: Во прекин железничкиот сообраќај, опасност од одрони и свлечишта, поплавени куќи appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни