Десетици лица загинаа во американската држава Тексас откако обилните дождови предизвикаа поплави.
Надлежните го објавија најновиот број на жртви, а се работи за вкупно 69 починати лица.
Најмалку 59 лица загинале во округот Кер – 38 се возрасни, а 21 се деца.
Во кампот Мистик, 11 деца и еден советник во кампот сè уште се водат како исчезнати, вели шерифот Лари Леита.
„Изразуваме најискрено сочувство и молитви до секое семејство погодено од оваа трагедија и продолжуваме да работиме деноноќно за повторно обединување на овие семејства“, додава тој.
Уште десет се потврдени мртви во другите окрузи во Тексас, со што вкупниот број се искачи на 69.