Американската раперка Карди Би ги остави сите без текст на Твитер, а повеќето од нив се од нашите простори!
Имено, откако и беше затворен профилот на оваа социјална мрежа, поради расправија со фановите пред доделувањето на Греми наградите, таа се врати на голема врата!
Таа не шокираше сите со одговорот на прашањето за потеклото на еден фан!
„Дали си црнка? – ја праша еден обожавател, а Карди одговори: – Не. Јас сум Ирка и Југословенка.
Овој твит одекна меѓу нашите корисници на таа социјална мрежа! Луѓето од големиот регион почнаа да ја коментираат објавата на оваа позната раперка, а една од најинтересните е:
– Конечно знаеме што значи „Б“ во нејзиното име – Таа всушност е од Босна, една од нас има 100 – напишал еден од корисниците.
Што мислите, дали е ова само шега со Карди Б или навистина има наши корени?
