Шифти Шелок, чие вистинско име е Сет Бинсер, почина вчера на 49-годишна возраст.
Пејачот на рап-рок групата „Crazy Town“ починал во својот дом, соопшти полицијата во Лос Анџелес.
Причината за смртта се уште не е позната.
Нивната песна „Butterfly“ беше светски хит, но поради оваа песна беа прогласени за бенд со еден хит.
Сет Бинсер со години се бореше со зависност од наркотици и алкохол, па дури и беше во кома поради злоупотреба на психоактивни супстанци.
Зад себе остави три деца.