Поради 1,3 отсто ризик од удар на астероид, започнати се глобални одбранбени процедури

Поради астероидот широк 100 метри, кој има 1,3 отсто шанси да удри во Земјата, за првпат беа покренати глобални одбранбени процедури, објави денеска Гардијан.

Астероидот 2024 IR4 беше забележан со автоматски телескоп во Чиле на 27 декември минатата година, оттогаш се искачи на врвот на листата на ризици од удар на Земјата, што ја одржуваат американските и европските вселенски агенции.

Врз основа на досега собраните мерења, астероидот има 1,3 отсто шанси да удри во Земјата на 22 декември 2032 година, односно речиси 99 отсто е веројатно дека неговото поминување покрај планетата Земја ќе помине без инцидент.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното