Свет

Поради дефект, патниците девет часа патувале никаде

Поради дефект, патниците девет часа патувале никаде

Авион на Бритиш ервејс се сврте на половина пат преку Атлантскиот Океан, оставајќи ги патниците на деветчасовен лет до никаде.

Боингот 777 во вторникот наутро тргна од Лондон за Сан Хозе, Костарика, пишува Business Insider.

Податоците на Flightradar24 покажуваат дека летот полетал со околу 30 минути доцнење. По речиси пет часа патување, Боинг 777 направи остар пресврт преку океанот и се упати назад кон Европа.

Авионот слета во Лондон Гетвик околу девет часа по полетувањето. Летот до Костарика обично трае околу 10 часа.

Сè на сè, авионот прелетал околу 2.500 километри.

„Жалиме за доцнењето на плановите за патување на нашите патници откако нивниот авион доживеа мал технички проблем“, изјави портпаролот на Бритиш ервејс за Business Insider.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни