Поради еден мајмун, целиот остров остана во темнина: 22 милиони луѓе без струја

Цела Шри Ланка остана без струја во неделата околу пладне, а сега виновникот е пронајден.

Цела Шри Ланка ја загуби струјата околу пладне во неделата, а виновен е мајмун кој се качил на трафостаница јужно од главниот град Колумбо.

„Мајмунот дојде во контакт со нашиот мрежен трансформатор и на тој начин предизвика нерамнотежа во електроенергетскиот систем“, рече министерката за енергетика Кумара Јајакоди.

Настанала непријатна ситуација, особено ако се земе предвид дека жителите на островската држава без клима се препотувале на високи температури кои надминале 30 степени Целзиусови, пишува Гардијан.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното