Поради обилни врнежи од снег, на Стража забрана за тешки товарни возила

Обилните врнежи од снег, попладнево го затворија превојот „Стража“ за тешките товарни возила, соопштија од АМСМ.

„На патниот правец Гостивар – планински премин Стаража – Кичево и обратно, поради обилни врнежи од снег и негово задржување на коловозот, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила.“, велат од АМСМ.

Се вчитува...

Извор: ТВ21