ПОРАДИ СТАДО ОВЦИ: Роналдо се пресели во друга куќа

Еден од најдобрите фудбалери на денешницава, Кристијано Роналдо неодамна потпиша договор со Манчестер Јунајтед, а за таа цел најде и нова вила во која ќе живее со своето семејство.

Но, после само една недела, тој се преселил во друга куќа поради стадо овци.

Роналдо, неговата сопруга и децата се отселиле поради тоа што овците им правеле бука, пишува „Сан“.

Тој, исто така, стравувал и за својата сигурност.

Нивниот нов дом има базен, кино сала, гаража во која може да се паркираат четири автомобили. Имотот е осигуран со надзорни камери и електрични врати, и нон-стоп е под надзор.