Белгиското министерство за одбрана ја разгледува можноста на активните војници да им ја забрани употребата на паметните телефони во склопот на борбата против шпиунажа, односно следење на податоците, јавуваат локалните медиуми.
Белгиската новинска агенција „Белга“ пишува дека во тек е разгледување на можноста за забрана на паметните телефони во одредени околности во војската, а ова ќе се однесува и за војниците стационирани на границите на балтичките земји кои граничат со Русија.
„Во минатите неколку години ги испитуваме сите начини да ја спречиме шпиунажата и да ја подигнеме свеста, но тоа говори дека не е е доволно. Знаеме дека Русија е заинтересирана за локациските податоци на мобилните телефони“, изјави официјално лице на белгиските вооружени сили Карл Гилис.
Други држави веќе им забранија на своите војници да користат мобилни телефони од страв дека лесно можат да бидат лоцирани, како еден од начините за борбата против шпунажата.