Осомничениот напаѓач, по потекло од Египет, поранешен вработен во компанијата, упаднал во канцелариите и отворил оган при што убил три лица, по што се самоубил.
Најмалку четири лица загинаа по пукање во бродска компанија во Атина, јавува Прототема.
Напаѓачот наводно убил три лица, а потоа се самоубил.
Осомничениот напаѓач, по потекло Египќанец, поранешен вработен во компанијата, упаднал во канцелариите и отворил оган при што убил три лица, по што се самоубил.
Напаѓачот бил поранешен вработен кој добил отказ. Според истите информации, тој со години бил надзорник во компанијата.
Како што пишува грчки Прототема, насилникот влегол од паркинг во просториите на фирмата, бидејќи и покрај тоа што бил отпуштен, сепак имал право на пристап. По влегувањето рече дека ќе чисти. Тој прво се качил на мезанинот каде застрелал две лица, а потоа застанал на вториот кат каде застрелал уште едно лице, најверојатно жена.