Поранешната Мис на Балканот загина во сообраќајна несреќа, пијана бегала од полицијата

Поранешната Мис на Балканот, 27-годишната Ѓулер Ердоган, го загубила животот откако бегајќи од полициски контролен пункт паднала од надвозник на коловозот, каде било утврдено дека е во алкохолизирана состојба, пренесува турски Хуриет.

Според „Хуриет“, несреќата се случила ноќта на 1 април. При проверката било констатирано дека била под дејство на алкохол, по што излегла од автомобилот и почнала да бега.

Падна од надвозникот

Обидувајќи се да побегне, таа се качила на надвозникот, но паднала на патот и се здобила со тешки повреди. Потоа била прегазена од автомобил.

Медицински екипи пристигнале на местото на настанот по пријава од случаен минувач. Од прегледот било утврдено дека таа починала. Според Хуријет, се дознало дека Ердоган имала психички проблеми и дека таа претходно се обидела да се самоубие. За овој случај е отворена истрага.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното