Македонија

Поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески влезе во затвор!

Поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески влезе во затвор!

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, од вчера попладне е спроведен на одлежување на ефективна казна затвор во прилепскиот затвор за криминалот со школскиот превоз. А секретарот на Општина Битола во неговиот мандат, Слободан Бончановски, од вчера е спроведен во битолскиот затвор.

Веста за влегувањето на Талески и Бончаноски во затвор за „Независен“ ја потврдуваат и од Битолскиот и од Прилепскиот затвор.

„Од вчера приквечерина осудениот Талески е спроведен во нашиот затвор на издржување на ефективна казна затвор, со оглед на тоа што Апелација ја потврди пресудата на Основниот суд иако ја намали за една година. Осуден е на 7 години затвор, но се одзема времето поминато во домашен притвор од околу 3 години“, изјави за „Независен“, Александар Дамески, директор на прилепскиот затвор.

Со оглед на тоа што и Талески и Бончановски досега беа во домашен притвор од летото 2016 со прекини до вчера, на екс-градоначалникот му останува да одлежи ефективна казна затвор од уште 4 години

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни