Поранешниот надбискуп Вигано упати навреди кон папата и по неговата смрт

Поранешниот надбискуп Карло Марија Вигано, кого папата Франциск го екскомуницираше од црквата, упати низа шокантни зборови и навреди на сметка на починатиот поглавар на Римокатоличката црква, објавија денеска италијанските медиуми.

„Ќе треба да одговара за злосторствата што ги направи, пред се за узурпирањето на тронот на Свети Петар, а потоа и за уништувањето на Католичката црква и губењето на толку многу души“, напиша Вигано во објавата на социјалната мрежа Х.

Вигано, кој беше екскомунициран од папата во 2024 година, го нарече Франциск тиранин без контрола, продолжувајќи со критиките кон него дури и по смртта на папата, јавува државната телевизија Раи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното