Свет

Поранешниот шеф на словачката дипломатија тврди дека Путин сè уште сака војна

Поранешниот шеф на словачката дипломатија тврди дека Путин сè уште сака војна

Поранешниот шеф на словачката дипломатија и член на раководството на партијата Прогресивна Словачка (ПС), Иван Корчок, тврди дека рускиот претседател Владимир Путин сè уште сака војна и фундаментална промена во безбедносниот поредок во Европа. Според неговите зборови, досега познатите резултати од самитот меѓу Путин и американскиот лидер Доналд Трамп во Алјаска не донесоа никакви конкретни чекори кон непосредното завршување на руската агресија, објави словачката агенција TASR. „Дури и примирје не беше постигнато, што е доказ за недостатокот на интерес на Путин за мир. Дури и по таков чекор како што е фактот дека беше примен од претседателот Трамп на американска почва, Путин не ја промени својата решеност да ја продолжи војната“, оцени Корчок, додавајќи дека затоа САД треба да го променат својот пристап кон справувањето со Русија, бидејќи во спротивно, нивните напори ќе завршат со ќорсокак.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни