Андре Шурле засекогаш остана впишан во историјата на германскиот фудбал, а потоа одеднаш реши да ја промени професијата.
Шурле направи се што некогаш сакаше да направи во фудбалот, успеа да ја подигне „божицата“ на Светското првенство во 2014 година.
Германскиот фудбалер постигна три гола на тој шампионат и на одличен начин асистираше до Марио Геце кој постигна гол во судиското надополнување на финалето против Аргентина.
Десет години подоцна Шурле одлучи дека му е доста од фудбал.
Тој реши да се пензионира на 29 години, а по завршувањето на кариерата реши да го испроба „Методот на Вим Хоф“, еден од најтешките предизвици на планетата.
Тој се искачи на планината Сњежка во Чешка на 1.630 метри надморска височина, без кошула и само во шорц.
„Во последните минути не чувствував ништо и морав да најдам нешто длабоко во мене за да продолжам. Никогаш нема да го заборавам ова искуство. Минус 19 степени, ветер од 100 километри на час во нашите лица, обилен снег и дожд. Што научив? Јас и моето тело сме посилни отколку што мислев. Ако ги вложам умот и душата во тоа, можам се“, изјави поранешниот германски репрезентативец.