Свет

Порасна бројот на загинати во Турција и Сирија – во тек е потрагата по преживеани втора ноќ по ред

Порасна бројот на загинати во Турција и Сирија – во тек е потрагата по преживеани втора ноќ по ред

Според новите информации, бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија се искачи на 7.366.

Бројот на загинати во Сирија е 1.932 (1.120 на бунтовничките територии и 812 на територијата под контрола на владата), додека во Турција е потврдена смртта на 5.434 лица.

Втора ноќ од потрагата

Спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани втора ноќ по ред по двата силни земјотреси што ги погодија делови од Турција и Сирија рано во понеделникот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни