Резултатите на Државниот завод за статистика велат дека во последните 10 години во Македонија е забележан пораст на разводите на сопружниците. Најмногу брачни парови се одлучиле на развод во 2013, 2014 и 2015 година. Состојбата се променила во 2016-тата, кога има пораст на склучување бракови и пад на бројот на разводите. И во 2017-тата повторно има зголемена бројка на склучени бракови.
СКЛУЧЕНИ БРАКОВИ РАЗВОДИ
2013 : 13 982 2 045
2014: 13 813 2 210
2015: 14 186 2 200
2016: 13 199 1 985
2017: 13 781 1 994
2018
првите девет месеци) 10 104 1 311
Социологот Илија Ацески, смета дека порастот на бројот на разводите меѓу брачните двојки, е резултат на склучените бракови на млади години, односно години кои се недоволни за носење одлука за впуштање во брачен живот.
Додава дека и начинот на живеење е променет.
Во Македонија најмногу разводи има кај македонската заедница, потоа кај Албанците, Турците и Ромите. За развод најчесто се решаваат лицата на возраст од 20 до 29 години. Сепак, светските статистики покажуваат дека Македонија е земја со помала стапка на разводи, во споредба со европските земји.
РЕПОРТЕРКА: САЛИЕ САДИКУ