Порно актерот Рет Месерли, кој беше познат под името Скот Фин, почина на 27-годишна возраст. Веста ја потврдија членови на неговото семејство.
Во прошталната објава, меѓу другото, наведоа дека бил неверојатно популарен во училиштето затоа што ги прифаќал луѓето такви какви што се и дека бил голем шегаџија и заводник.
Додадоа дека ќе остане запаметен по тоа што сакал да им помага на другите луѓе. Не го открија причината за неговата смрт. Беше погребан на четврти декември во Јута.
„Рет многу им недостасува на своето семејство и на сите што го познаваа. Наоѓаме утеха во сознанието дека неговата болка овде заврши и дека повторно почива кај својот Небесен Татко“, напишаа.
Последната објава на социјалните мрежи ја сподели во јуни годинава. На своите следбеници на X им порача дека долго време не бил активен затоа што се соочил со животни проблеми.