Македонија

Портокалов метео аларм – циклонска активност вечерва ќе донесе снег, силен ветер и ниски температури

Од вечерва Северна Македонија ќе биде под циклонска активност која во ноќните часови и утре ќе донесе облачно време со врнежи од дожд, а на планините и во местата повисоки од 500 м.н.в. со врнежи од снег.

Северните, Западните и Југо-Западните делови од Северна Македонија ќе бидат во портокалова алертна фаза што значи екстремно ниски температури, снег и силен ветер.

Со предупредување излегоа и од Управата за хидрометеоролошки работи од каде се вели дека ќе дува силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час.

Дневната температура значително ќе се намали, на повеќе места ќе биде за околу 15 степени пониска во однос на денешната.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни