Поскапуваат горивата!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 % во однос на одлуката од 1.09.2025 година.

Од 10.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 95                           76,00 (денари/литар)

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 98                           78,00 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)        69,50 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)           69,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                               37,148 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,245 ден/кг и сега изнесува 37,148 ден/кг.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.