Канада прогласи епидемија на птичји грип во живинарска фарма на истокот од земјата, објави денеска Светската организација за здравје на животните (WOAH).
Анализата на вирусот Х5Н5, откриен на фарма во канадската провинција Њуфаундленд и Лабрадор, покажа дека овој вид е сличен на вирусот што ја погоди Канада во 2023 година, додаде организацијата со седиште во Париз, повикувајќи се на канадските власти, пренесува Ројтерс.
Анализите исто така покажаа дека вирусот H5N5 е поврзан со сојот H5N1 кој погоди некои други живинарски фарми во Канада и се прошири во други делови на светот, главно во САД и Европа.
Појавата на птичји грип предизвика огромна штета на јата живина ширум светот, што доведе до прекини во синџирот на снабдување и скокови на цените.
Вирусот потоа се прошири на животните како што се кравите во САД, што ги зголеми стравувањата од ризикот од пренесување на луѓето, потсетува Ројтерс.