Последно збогум за Саша Поповиќ: Комеморација и погреб на 6-ти март

Погребот и комеморацијата за продуцентот Саша Поповиќ ќе се одржат во четврток на 6 март, објави Гранд Продукција,

„Би сакале да ја информираме јавноста дека во четврток, на 6 март, во 10 часот, во главната конгресна сала на Центарот Сава ќе се одржи комеморација на основачот и креативен директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ. Истиот ден во 12:00 часот семејството ќе прима сочувство на Бежаниските гробишта во црквата Свети апостол Тома каде во 13:45 часот ќе се одржи миса. Погребот ќе се изврши во 14 часот и 30 минути“, пишува Гранд продукција.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното