Во живо Ноќно студио во живо Дали системот реагира навреме при насилство? Гледај
Балкан

Постојат две верзии за тешката автобуска несреќа во Бугарија

Постојат две верзии за тешката автобуска несреќа во Бугарија

Ги истражуваат причините за тешката автобуска несреќа меѓу Свиленград и Тополовград во Бугарија. Инцидентот се случил во неделата нешто по 17:00 часот. На местото на несреќата се испратени 6 амбулантни возила, 7 полициски екипи и 5 противпожарни единици.

ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА: Автобусот кој излета во провалија сообраќал од Кавала кон Бургас

Постојат две главни верзии на кои работат иследниците – човечка грешка и ненадејна техничка неисправност. Автобусот бил на релација Кавала – Бургас.

Асфалтот бил во нормална состојба, имало видливи ознаки, но коловозот бил лизгав што најверојатно довело до несреќата, соопштија од обвинителството на брифинг.

Во несреќата загина 68-годишна жена од Бургас, а 19 лица се повредени. Некои од нив се хоспитализирани. Во автобусот патувале и 4 деца, 2 со многу полесни повреди.

Автобус кој се враќал од екскурзија излетал во Бугарија

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни